Телеграма со сочувство до семејството Хасани

Почитувано семејство Хасани,

Со длабоко жалење ја примив веста за смртта на членот на вашето семејство, Зуди Хасани.

Со неговата смрт, Територијалната Противпожарна единица – Гостивар изгуби еден вреден работник, а неговото семејство еден посветен родител и сопруг.

Дозволете ми во мое лично име, во името на општинската администрација и на Територијалната противпожарна единица – Гостивар, да ви изразам најискресно сочувство.

Починатиот Бог нека го благослови, а вам нека ви даде трпение!

Со почит,

Арбен Таравари – градоначалник на Гостивар