ИЗВЕСТУВАЊЕ
09.11.2020
Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека утре (вторник) со почеток во 8:00 часот ќе започне асфалтирањето на улица “Илинденска“ на потегот од кај кружниот тек кај “Бриони“ до бензинска пумпа “Бунар петрол“.
Работите се очекува да траат до 17:00 часот а во тој временски период сообраќајот ќе биде целосно блокиран.
Се замолуваат локалните жители уште до вечерва да не ги паркираат возилата во тој дел.
Ви благодариме за разбирањето!
Служба за информирање