Потпишан Меморандум за Соработка помеѓу СЕОУ “Гостивар“ и здружението “Мировна Акција“

,

16.03.2018

Средното економско општинско училиште “Гостивар“ и зрдужението “Мировна акција“ потпишаа Меморандум за соработка за проектот “Поддршка на процесот на интегрираното образование на училиштата“.

Со потпишувањето на овој Меморандум, разбирајќи ја важноста на процесот на меѓуетничка интеграција во образованието (МИО) а со цел понатамошна надградба на постигнувањата на истиот, двете страни се согласуваат на заеднички активности, како што се: анализи (анкети), тренинг програми на тројца професори од СЕОУ “Гостивар“, презентациски работилници на колеги од училиштето (дисеминација), работилници со ученици, како и соработка со партнер училиштето СОУ “Гостивар“, со финансиска и техничка поддршка од 60.000 ден.

Проектот ,,Поддршка на процесот на интегрирано образование во училиштата,, го спроведува Здружението Мировна акција во партнерство со Центарот за мировни студии од Загреб ( Хрватска), а е финансирано од Европската Унија и Цивица Мобилитас.

Служба за информирање