Се презентираше пред граѓаните развојната предлог-програма на Општина Гостивар за 2020 година

11.11.2019

Граѓаните на Гостивар денес ја искористија можноста непосредно да се информираат со предлогПрограмата за развој на Општина Гостивар за 2020 година. На јавната дебата организирана за таа цел, присуствуваа градоначалникот Арбен Таравари, претседателот на советот Бесим Мемеди, општински советници, претставници на месните заедници и други заинтересирани граѓани.

Ова е втора година откако новото општинско раководство изготвува развојна програма и исто како во минатата година, и годинава ја презентираме неа во форма на предлог, така што вие почитувани граѓани можете да дадете свои забелешки, предлози и сугестии по истата. Јас и моите соработници од општинската администрација ги посетивме сите населени места и секоја населба, а барањата на жителите на овие средби, заедно со оние што директно пристигнаа до општинската администрација, ги вклучивме во оваа предлог-програма. Транспарентноста во управувањето и непсоредното учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки е наша конзистентна определба, истакна градоначалникот Таравари.

Предлог-програмата детално ја презентоираше одговорниот на ЛЕР канцеларијатаБесим Догани, кој даде на почетоткот даде до знаење дека во истата се опфатени сите потреби и разумни барања на граѓаните, но заради ограничениот буџет, ќе се спроведат онолку проекти колку што дозволуваат прасположливите финансиски средства, давајќи им приоритет на неопходните проекти.

– Поголемите предвидени проекти ќе бидат финансирани од сгтрански донатори како што се швајцарската агенција СЕЦО, Европската инвестициска банка и Светската банка, некои проекти ќе се финанцираат повисоки нивоа на власта, некои со кофинансирање на Општината или јавно-приватно партнерство, а дел со средствата исклучиво од основниот општински буџет. Проектите се главно во областа на патната инфраструктура, водоснабдувањето и канализацијата, зеленило и паркиралишта, одржување и др. но и реновирања во образовните институции, инвестиции во улично осветлување и проекти од областа на културата “, истакна Догани.

По презентацијата, се разви дебата на која учесниците ги искажаа своите сугестии, а истите беа евидентирани од општинската администрација и ќе бидат вклучени во предлог-програмата, која ќе треба да биде усвоена на следната седница на Советот на Општина Гостивар закажана за во четврток во 10 часот.

Врз основа на развојната програма, ќе се изготви и општинскиот буџет за 2020 година, кој исто така ќе биде презентиран на јавна дебата.

Општина Гостивар ги охрабрува граѓаните, масовно како денес, да учествуваат на јавни дебати и да станат активни чинители во процесот на одлучување.

Служба за информирање