Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Гостивар и Младинската еколошка организација – EYO

23.04.2021

Општина Гостивар денес потпиша Меморандум за соработка со Еколошката организација за млади – EYO.

Целта на овој Меморандум е да обезбеди рамка во која ќе бидат презентирани предлози и програми за соработка помеѓу Општина Гостивар и Младинската еколошка организација – EYO, во областа на заштитата на животната средина, социјална инклузија на младите, подигање на свеста кај младите луѓе преку спроведување на активности за соработка и програми од областа на екологијата.

Взаемната соработка ќе се реализира во разни домени, а посебно внимание ќе се посвети на подигнување на свеста кај младите за заштита на природата и животната средина преку дебати, интерактивни дискусии и предавања од експерти од оваа област.

Исто така, се предвидува интеракција преку ра преку состаноци и конференции, чистење и одржување на јавни простории, садење дрвја, цвеќиња, подобрување на зелените површини и други активности во областа на заштитата на животната средина.  Информативна услуга