Се зголемуваат платите за администрацијата на општина Гостивар и за вработените во јавните претпријатија

И покрај финансиските тешкотии, општина Гостивар продолжува да излегува во пресрет на потребите и барањата на работниците.

На денешната средба на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари со претседателот на Македонската конфедерација на синдикати, Дарко Димовски и претседателот на Синдикатот на правосудните органи и граѓанските здруженија, Трпе Деаноски, линеарно беа усогласени последните детали за зголемувањето на платите. во износ од 2.806 ден.

“Сакам да истакнам дека како локална самоуправа, бевме први кои ги зголемивме платите во градските јавни претпријатија минатиот мандат. Во тоа време, кога минималната плата во земјава беше 15.000 денари, вработените во нашите претпријатија земаа плата од 18.000 денари, колку што е минималната плата денес во Македонија. Посакувам зголемувањето на платите, покрај достоинството на вработените, да влијае и на ефикасноста на услугите кон граѓаните”, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Колективниот договор меѓу општина Гостивар и синдикатите се очекува да биде потпишан следната недела.