Инвестициите продолжуваат на улиците на општина Гостивар

Општина Гостивар започна со работите за отворање на новиот пат “Улица 3”, предвиден според ПДУ Урбан блок 6, со должина од 115 метри што го поврзува булеварот “Браќа Ѓиновски” со ул. “18 ноември”.

Проектот, покрај отворањето и изградбата на новиот пат, ги опфаќа сите подземни инсталации, новото јавно осветлување и асфалтирањето.

Со оваа улица се олеснува сообраќајот во овој многу фреквентен дел на градот а се зголемува и вредноста на имотите на жителите околу улицата.