ЈАВЕН ПОВИК

,

ОПШТИНА ГОСТИВАР

Врз основа на член 11 и член 141,142 од Законот од социјална заштита (Службен гласник на Република Северна Македонија бр. 79/2009, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/18), член 24 и член 50 став (3) од законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство (Службен гласник на Република Северна Македонија бр. 24 од 29.1.2021 година) Правилникот за начинот на спроведување на проценка на ризик од сериозна опасност по животот и физичкиот и психичкиот интегритет на жртвата и членови на нејзиното семејство и на ризикот од повторување на насилството, соодветното управување со ризикот, спроведување и следење на мерките за заштита на жените жртви на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство, преземени од центарот за социјална работа и потребните обрасци (240/21) Општина Гостивар објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За прибирање предлог проектна иницијатива за Основање и започнување со работа на установа за социјална заштита Центар за згрижување и заштита на жртвите на семејно насилство во Општина Гостивр

Oпштина Гостивар распишува Јавен повик за прибирање на предлог проектна иницијатива од локална граѓанска организација заради реализација на проект за справување со проблемот со жртвите на семејно насилство, односно Оснавање и започнување со работа на установа за социјална заштита на жртвите на семејно насилство во Општина Гостивар.Проектот ке се реализира во партнерска соработка помеѓу Општина Гостивар и избранат граѓанска организација.