Entries by Artan cst

,

Редовно одржување на јавнитe зелени површини

10.04.2018 Јавно претпријатие “Јавни паркиралишта и зеленило” – Гостивар, континуирано се грижи за одржување на јавните зелени површини на подрачјето на општина Гостивар. Деновиве активностите се концентрирани во населбата Малеарди и во близина на индустриската кланица “Горни Полог”. На овие локации се коси тревата и се чистат отпадоците од зелените површини, особено во колективните згради […]

Крводарителна акција по повод 8-ми Април

05.04.2018 Под мотото “И твојата крв може да те спаси нечиј живот”, денес во просториите на Општина Гостивар се одржа крводарителна. Акцијата беше организирана по повод 8 Април – Меѓународен ден на Ромите, а беше поддржана и од Општина Гостивар. “Ова е прва крводарителна акција во Македонија и пошироко, организирана на Меѓународниот ден на Ромите. […]

,

Гостивар го одбележа Светскиот ден за борба против аутизмот

02.04.2018 Светскиот ден за борба против аутизмот, во Гостивар се одбележа со многубројни активности. Во одбележувањето на овој ден, покрај Општина Гостивар се вклучија Дневниот центар за деца со посебни потреби – Гостивар, Општинската организација на Црвен крст – Гостивар, ООУ “Единство“ – Гостивар, бизнис секторот, како и граѓански здруженија и експерти од Македонија и […]

,

Се поставуваат нови корпи за отпадоци низ градските улици

30.03.2018 Започна денес распределбата на нови корпи за отпадоци кои се поставуваат низ главните градски улици во градот Гостивар. Станува збор за проект на Јавното претпријатие “Комуналец” – Гостивар, чија цел е да се подигне нивото на јавна чистота во градот. “Претпријатието за оваа фаза, е снабдено со 30 нови корпи за отпадоци, бидејќи постојните […]

,

Започна акцијата за санација на улиците

30.03.2018 Јавното претпријатие “Комуналец”, со поддршка на Општина Гостивар, започна широка акција за саанција на ударните дупки низ градските улици. “По лоштото време пропратено со поројни дождови и снего што го зафати подрачјето на општина Гостивар, улиците и патиштата имаат претрпено големи оштетувања, односно се појавиле ударни дупки на сфалтот. Сега кога времето се подобрило […]

Сите малверзации во Општина Гостивар, се пријавуваат пред надлежните органи

29.03.2018 Портпаролот на општина Гостивар, Јасин Демири, на денешната прес-конференција информираше дека од денеска се прекинува кампањата “Вистината за ДУИ”, но не затоа што нема нови докази за злоупотреби, туку за да се остави простор надлежните органи да дејствуваат во согласност со утврдените прекршоци. – Сите повреди и злоупотреби кои сме ги утврдиле при внатрешните […]

Градоначалникот Таравари го прими балканскиот шампион во карате Берат Јакупи

26.03.2018 Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го прими во неговиот кабинет каратистот Берат Јакупи по последниот успех постигнат на Балканското првенство во Истанбул, од каде се врати со златен медал. “Сите времиња имаат свои херои. Во последниве години, симбол и амбасадор на Гостивар во Балканот и во Европа, но и во светот, го носи името […]

,

Во гостиварските училишта се одржуваат дебати за интеграција на младите во образованието

23.03.2018 Во три гостиварски општински основни училишта, во тек е пилот-проектот “Интеграција на младите во образованието”. Проектот го спроведува Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) во соработка со Секторот за образование при Општина Гостивар. “Првично овој пилот проект се спроведува во две градски основни училишта Единство и Гоце Делчев како и во ОУ “Чајла’ во […]

Вистината за ДУИ – Шефот на кабинетот се почестил со 4 лап-топа и еден таблет

22.03.2018 Во рамките на кампањата “Вистината за ДУИ“, портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири, на денешната прес-конференција информираше за два случаи на флагрантно кршење на процедурите и за злоупотреба на стварите на Општина Гостивар, од страна на шефот на кабинетот на поранешниот градоначалник Невзат Бејта. “На 18.10.2013 Општина Гостивар се снабдела со Таблет – Aplle […]

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Гостивар и Фондацијата Метаморфозис

19.03.2018 Во присуство на шефот на Делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, на пригодна свеченост Општина Гостивар и Фондацијата Метаморфозис, потпишаа денес Меморандум за соработка за Проектот за зајакнување на иновативен туризам. Во името на Општина Гостивар, Меморандумот го потпиша градоначалникот Арбен Таравари, а во името на Метаморфозис, извршниот директор на фондацијата Бардил […]