Entries by Artan cst

“Вистината за ДУИ“ – Злоупотреби со трошоците за гориво

15.02.2018 Портпаролот на Општина Гостивар, Јасин Демири, на прес конференција презентираше факти за злоупотреби со снабдување со гориво на возилата во сопственост на општината и трошоци без покритие на ЈП “Хигиена“ – Чегране. Во продолжение, ви го претставуваме интегрално: “Почитувани новинари, на денешната прес-конференција ќе ве информираме за трошоците на Општина Гостивар за гориво за […]

Градоначалникот Таравари, ги презентираше резултатите во првите 100 дена од мандатот

12.02.2018 Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, пред новинарите, ги презентираше постигнатите резултати на новото општинско раководтсвоп во првите 100 дена од мандатот 2017-2021. “Го деполитизиравме образованието со назначување на директори, во главно предложени од самите колективи на училиштата. Ги заменивме несоодветните образовни кадри со кадри од соодветна струка. Го деполитизиравме, исто така, Советот на […]

,

Координација на активностите помеѓу Секторот за образование и педагошките служби на гостиварските училишта

02.02.2018 Секторот за образование при Општина Гостивар одржа состанок со педагошките служби на општинските училишта, на кој присуствуваа педагози, психолози и социолози од сите гостиварски основни и средни општински училишта. “Ја остваруваме оваа средба со педагошките служби на основните и средните училишта, со цел поефективно и поефикасно координирање на активностите и преку продлабочување на соработката, […]

,

Се чисти коритото на реката Јахорка во село Форино

02.02.2018 Јавното претпријатие “Комуналец” деновиве спроведува акција за чистење на коритото на реката Јахорка во село Форино. Коритото на реката беше загриженоста која жителите од селово му го презентираа на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари при неговата неодамнешна посета на Форино. “За реализација на оваа акција ја ангажиравме нашта механизација и нашите вработени и сето […]

,

СЕОУ “Гостивар” и ОУ “Прпарими“ с. Чегране добија грант од МОН

01.02.2018 Министерството за образование и наука ги објави резултати од Јавниот повик за доделување на средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта. Меѓу добитниците на грант се едно основно и едно средно училиште од Гостивар. ООУ “Прпарими“ од с. Чегране […]

“Вистината за ДУИ“ – Таравари: Градежното земјиште го продале за смешни цени

01.02.2018 Во рамките на кампањата “Вистината за ДУИ”, градоначалникот на Гостивар , Арбен Таравари, на прес конференција презентираше дел од злоупотребите кои се направени во областа на урбанизмот во текот на мандатот 2013-2017 година во општина Гостивар. “Првиот случај се однесува на продажба на градежно земјиште во сопственост на општина Гостивар, кај градската индустриска зона, […]

,

Се кастрат дрвјата на патот Чајле-Форино, се овозможува слободен проток на возила

31.01.2018 При неодамнешната посета на градоначалникот Арбен Таравари во село Форино, жителите од ова подрачје изразија загриженост во врска со патот Чајла-Форина, каде што гранките на дрвјата долж патот, го попречуваат слободниот проток на возилата. По наредба на градоначалникот Таравари, Јавното претпријатие “Јавни паркиралишта и зеленило” започна акцијата за кастрење на дрвјата низ целата должина […]

Делегација од Општина Гостивар го посети Центарот за аутизам во Тирана. Директорката Бериша ветува стручна поддршка

31.01.2018 Раководителката на Одделението за образование во Општина Гостивар, Аслиан Снопче придружувана од група експерти за деца со посебни потреби во составот Самир Грбле – дефектолог, Арта Арифи Креци – психолог, и Генц Таравари – логопед, го посетија Центарот за аутизам во Тирана. Во оваа прилика, делегацијата беше примена од директорката на центарот, Лири Бериша. […]

Се продлабочува соработката помеѓу Гостивар и Акхисар (Турција), се најавуваат конкретни инвестиции

30.01.2018 Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, придружуван од раководителот на Канцеларијата за локален економски развој, Бесим Догани, бизнисменoт Хајбер Таравари и координаторoт на посетата Гзим Хаџи Ејупи, при престојот во Република Турција ја посетија општината Акхисар. Делегацијата од Општина Гостивар се сретна со градоначланикот на Акхисар, Салих Хизли, неговите помошнци Латиф Чакмак, Омер Ишчи, директор […]

Градоначалникот Таравари се сретна со амбасадорот на Германија, Томас Герберих – беше ветена соработка и максимална поддршка

30.01.2018 Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих, престојуваше во официјална посета на Општина Гостивар при што се сретна со градоначланикот, Арбен Таравари. За време на пријателската средба во Кабинетот на градоначалникот, се разговараше за предизвиците со кои се соочува Општина Гостивар, со посебен акцент на проблемите предизвикани од недонесувањето на општинскиот буџет. Градоначалникот Таравари […]